7.8 C
Скопје
10:03 - 1 април, 2026

(Фото+видео) Северина маршираше со жените во Загреб, а доби и подарок кој особено ја трогна

Хрватската пејачка Северина заедно со други жени во Загреб учествуваше на Ноќниот марш по повод Денот на жената.

Пејачката претходно ги покани сите да се приклучат на серијата ноќни маршеви кои се одржуваа во хрватските градови, а потоа и самата се појави на маршот во Загреб.

„Кога мажот ќе направи нешто, тоа е стратегија. Кога жената ќе го направи истото, тогаш таа калкулира… Па, еве ја сликата. Драги мои, ‘мали и немоќни жени’, да им покажеме денеска колку сме големи и моќни. Денеска е наш ден и затоа… Сите на Марш за жените!“, напишала Северина, повикувајќи ги сите на митингот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria (@gloria.hr)

И жените и мажите марширале „во името на оние кои низ историјата покажале како се создава движење, во името на пријателите кои обезбедуваат чувство на сигурност во излегувањата, во името на жените кои храбро зборуваат за насилство во факултетските кабинети и гинеколошки ординации, во судниците, на улиците и во четирите ѕида, во име на работничките на ликвидираните и стечајните фирми кои упорно бараат исплата на долгови игнорирани со децении“.

Учесниците носеле бројни транспаренти, а слоганот на годинешниот марш бил „Феминизам и готово“.

Северина се фотографирала со учесниците, се прегрнувала со нив, а на подарок добила и дуксер со натпис „Северина – мама“, кој особено ја трогнал.

Имајќи предвид дека нејзината битка за старателството над синот е во фокусот на јавноста, пејачката истовремено стана симбол на борбата на многу жени во регионот и го користи својот профил на социјалните мрежи за да укаже на проблемите и неволјите со кои се соочуваат.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....