13:04 - 3 април, 2026

(Фото+видео) Диди Џеј се појави на билборд на Тајмс сквер во Њујорк: Пејачката врескаше од среќа!

Пејачката Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, се пофали дека нејзината фотографија е на огромен билборд на Тајмс Сквер во Њујорк.

Имено, Диди со години ја гради својата кариера во Америка, а сега се пофали дека светската слава ѝ е на дофат.

Таа сними нова песна за американскиот пазар, „Release My Mind“, а најавата за песната се појави на џиновскиот билборд на Тајмс сквер во Њујорк, кој годишно го посетуваат 39 милиони луѓе.

Самата пејачка не можеше да им верува на своите очи, па врескаше од среќа додека ја гледаше својата фотографија на најважната раскрсница во Менхетен, која се нарекува и „Раскрсница на светот“.

Покрај рекламирањето на песната на најпосетуваната туристичка атракција, Диди Џеј се пофали и со гостување во програмата на американската ТВ мрежа „Си-би-ес“, па нема сомнение дека пејачката се впуштила во сериозен поход на светските топ листи.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....