10.8 C
Скопје
21:49 - 4 октомври, 2026

(Фото) Чист луксуз: Северина престојувала во хотел на Сицилија каде седум ноќевања чинат 43.000 евра

Северина веќе неколку дена ужива на одмор на Сицилија, а на Инстаграм не ја крие својата среќа. Таа објави фотографии на кои разгледува низ градот, посетува музеи и ресторани, но и од хотелот каде што е сместена, кој е еден од најскапите во регионот.

Таа престојувала во луксузен хотел со пет ѕвезди, кој е целосно опремен со мебел на „Долче и Габана“. Според информациите достапни на интернет, седум ноќевања во „обична“ соба за двајца чинат 43.000 евра. Ова се цени за крајот на септември, па можно е во шпицот на сезоната да се уште повисоки.

„Секогаш кога престојувам во ‘Белиот лотус’, тоа ми останува во посебно сеќавање“, цитираше Северина од изјавата на Тања од втората сезона на „Белиот лотус“. Хотелот во кој Северина е на одмор, во 2022 година беше место на снимање на втората сезона од популарната серија.


„Белиот лотус“ е сатирична драмска серија сместена во луксузни хотелски одморалишта, каде што зад привидното совршенство се кријат длабоки лични конфликти, морални дилеми и, неретко, насилство. Секоја сезона од серијата се одвива на различна егзотична локација, а дејството е структурирано околу престојот на неколку гости во луксузен одморалиште. Досега се објавени три сезони, а позната е и локацијата на претстојната четврта сезона.

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....