21:49 - 30 јануари, 2026

(Фото) Вереницата на Огњен Амиџиќ сподели фотографија од водителот во досега невидено издание: Дојдов дома и го затекнав ова!

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата избраничка Мина Наумовиќ го чекаат своето прво дете, а според фотографиите кои ги споделува може да забележиме дека таа секојдневно ужива во бременоста.

Мина е многу активна на Инстаграм и често споделува фотографии од приватниот живот. Овој пат таа покажа како изгледа и се чувствува во бременоста, но и како Огњен се грижи за сè.


Таа го фотографирала како го држи нивниот миленик, а потоа и како заедно во опуштена атмосфера се одмараат.

„Дојдов дома и го затекнав ова“,  напиша таа на фотографијата.

Водителот во една пригода зборуваше за бременоста на Мина.

„Пресреќен сум и Мина, свадбата е закажана и сè е средено, далеку од овде и во кругот на најблиските. Нема ништо подобро, посилно и посреќно од ова да се случи. Па можеби ќе бидам посреќен само кога ќе дојде бебето. Само нека биде се како што треба“, рекол Амиџиќ.

Инаку, Мина реши да оди на породилно, па повеќе не е пред камерите во неговото шоу.

„Таа одлучи, јас ја поддржав. Мислам дека е подобро да се посвети на тоа и да биде мирна. Ми помага многу и ќе ми помогне зад камерата со шоуто. Само за да не се слика, вели: ‘Каде ќе одам сега со стомак, како расте, да го видат луѓето’“, додал тој.

Слични објави

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо
Се вчитува....