8.8 C
Скопје
11:38 - 1 април, 2026

(Фото) Вака сопругата на Огњен Амиџиќ изгледала неколку часа пред да се породи: Мина објавила фотографија од дома

Мина Наумовиќ, сопругата на српскиот водител Огњен Амиџиќ, денеска се породи и на свет донесе момче, а само неколку часа пред породувањето се огласила на Инстаграм.

Мина беше многу активна во текот на бременоста, па редовно објавуваше на својот Инстаграм, што го правеше и неколку часа пред породувањето.

Имено, водителката во текот на ноќта била примена во породилиште, а само неколку часа пред породувањето објавила фотографија.

Убавата водителка позирала додека лежела на каучот, во широка маица, а во преден план бил нејзиниот труднички стомак.

Мина дури и се пошегувала на своја сметка, а веќе во текот на ноќта се породила.

„Добро и сè уште сум бремена“, напишала Мина неколку часа пред породувањето.

Породувањето поминало добро и поубавата половина на Огњен, Мина, родила машко дете, на кое му дале интересно име – Перун.

Да потсетиме, Огњен и Мина се запознале и се вљубиле додека работеле на емисијата „Амиџи шоу“. Раѓањето на синот ја круниса големата љубов што се роди меѓу Огњен и неговата убава колешка Мина.

По разводот со манекенката Даниела Димитровска, со која има син, Огњен стапи во врска со колешката Мина, која е 17 години помлада од него.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....