1.8 C
Скопје
04:07 - 14 март, 2026

(Фото) Урнебесно! Баба се јавила да закаже преглед кај Иван Босиљчиќ, убедена дека тој е „и доктор и актер“

Баба (82) се јавила да закаже состанок со миленикот на жените, српскиот актер Иван Босиљчиќ, убедена дека е „и доктор и актер“.

Актерот Иван Босиљчиќ во серијата „Ургентен центар“ го игра детскиот лекар, д-р Арсиќ.

Сега преку социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, еден корисник сподели објава во која вели дека мајката на неговиот пријател му се јавила на Босиљчиќ да закаже преглед, бидејќи го гледала во серијата, а неговиот лик го видела и на еден билборд на една клиника.

– Мајката на мојот пријател која има 82 години, без проблем се јавила да закаже кардиолошки преглед кај Босиљчиќ бидејќи го видела на билборд. Не ми е добро од толку смеење – стои во споменатата објава, а потоа истиот корисник додава:

– Вели дека тој е и доктор и актер, го видела во некоја серија.

„Паметна жена“, „Ми го разубави денот“, „Имаш ли барем приближна слика за тоа како ќе бидеш на 82 години? За мене госпоѓата е царица! Нејзе сè уште ѝ е важно како изгледа докторот. Браво!“, „Се надевам дека ѝ објасниле дека тој е педијатар“, се само дел од коментарите.

Инаку, Иван Босиљчиќ е во среќен брак со пејачката Јелена Томашевиќ.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....