08:52 - 2 април, 2026

(Фото) Трансродова убавица ја освои титулата Мис Холандија: Ќе се бори за престижната титула Мис Универзум

За прв пат во историјата, трансродова жена победи на натпревар за убавина во Холандија. Сега таа ќе се бори за титулата „Мис Универзум“.

Станува збор за 22-годишниот Рики Валери Коле. Таа засекогаш влезе во историјата по нејзината победа на изборот за Мис на Холандија. Ова е прв пат во историјата трансродова жена да ја преземе титулата.

инстаграм

За време на триумфот Коле беше облечена во црвен фустан и не можеше да ги задржи емоциите од она што се случуваше. Беше крунисана од нејзината претходничка Она Муди и актуелната Мис Универзум, Р’Бони Габриел од Соединетите Американски Држави.

Сега таа се подготвува да учествува во следната фаза од натпреварот, поточно на престижниот „Мис Универзум“, кој ќе се одржи во декември годинаво во Ел Салвадор, но точниот датум сè уште не е дефиниран. Мисици од 24 земји ќе се борат за главната титула, но изгледа дека вниманието на јавноста ќе биде насочено кон Рики Валери Коле.

„Надминав толку многу психички и физички предизвици. Благодарна сум што го слушнав моето име кога беше објавена победничкаа. Бев многу нервозна, но во исто време и многу мотивирана, навистина сакав да ја искористам оваа можност“, напиша Коле на социјалните мрежи.

Холандската мисица ќе стане втората трансродова манекенка која стигна до главната конкуренција на „Мис Универзум“. Анџела Понсе од Шпанија во 2018 година стана прва трансродова жена која се натпреваруваше за титулата „Мис Универзум“ и тогаш ни таа ни јавноста не ни помислуваа дека ќе се пласира во финалето.

Имено, трансродовите убавици можат да учествуваат во „битката“ за круната од 2012 година.

Потсетуваме дека во мај годинава американската актерка Лаверн Кокс стана прототип на трансродовата кукла Барби. Според Кокс, ова е голема победа за целата ЛГБТ заедница.

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....