1.8 C
Скопје
00:10 - 11 март, 2026

(Фото сторија) Сончев двор во сончевата Гевгелија, Васка Илиева е трократна шампионка – шивачка, готвачка и негувателка на цвеќе

Разговараме со Васка Илиева, по професија шивачка, која во слободно време со љубов се посветува на одгледување цвеќиња и се занимава со правење превкусни бели печива. Со одгледување на цвеќиња се занимава од многу одамна, од пред околу 20 години.

Дворот се наоѓа во сончевата Гевгелија, кадешто живее семејството, и доста е голем за да ги собере сите украси и цвеќиња и да овозможи на семејството релаксирано уживање. Во овој двор, Васка го пронаоѓа својот мир и спокој и вели дека тоа е причината за којашто голем дел од животот посветува на цвеќињата.

– Јас сум одговорна за уредување на дворот во нашиот дом, но понекогаш ми помага и мојот сопруг. Премногу сум му благодарна бидејќи тој го направи украсното бунарче со цвеќиња и секогаш ме поддржува во идеите за украсување на дворот – ни открива Васка.

Во дворот доминираат сарделите кои ги има во повеќе бои. Сите се прекрасни и се полни со цвет. А има и многу бегонии, како и розички лаванда, борчиња, сукуленти и други растенија. Дома пак, Васка има собни цвеќиња. Во нивниот двор имаат и посебен дел за овошки – јаболка, јаготки, малини, капини и лимон.

– Оваа убавина, во летните периоди бара повеќе посветеност во еден ден. Кај нас во Гевгелија е многу топло во летно време, па сите цвеќиња бараат повеќе вода и повеќе посветеност и можам да кажам дека сето тоа ми опфаќа околу два часа дневно ангажираност во попладневните часови.

Повеќето од цвеќиња во овој двор се издржливи на потопло време.

– Сарделите, алое вера и драцената бараат шарена сенка, додека пак бегониите и бугенфилиите сакаат повеќе сонце. Кога започнуваме со одгледување на цвеќиња мораме да им ја прилагодиме средината која што ја бараат – објаснува Васка.

Ја прашуваме кој е нејзиниот најголем предизвик кога дворот е во прашање?

– Најголемиот предизвик кога дворот е во прашање е, секогаш дворчето да ми биде средено, а цвеќињата да се секогаш добро негувани – ни одговара.

За крај, еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, од кои цвеќина да почнат?

– Советот кој можам да го споделам со оние кои сакаат да започнат со одгледување на цвеќиња е да започнат со одгледување на поотпорни цвеќиња, како што се лавандата, некои сукуленти, пустинската и камената рожа, палмите, односно сите растенија коишто не мрзнат, коишто се повеќегодишни и се издржливи – советува госпоѓа Илиева.

Инаку, Васка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Во село Добрушево сè е толку добро и со душа, па така и дворот на Марина

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....