14:50 - 6 април, 2026

(Фото) Српската пејачка „ќари“ опасен фраер: Марина ужива со мистериозниот странец на Миконос

Српската пејачка Марина Висковиќ се обидува да го скрие својот емотивен живот од очите на јавноста, а неодамна изненади многумина кога објави фотографија со своето ново момче.

 


Марина Висковиќ не сакаше да го открие идентитетот на своето момче, кое не е од Србија, а сега за првпат сподели заедничка фотографија од грчкиот остров Миконос.

Да потсетиме, Марина неодамна откри детали за своето ново момче.

– Да, странец е. Го споделив тоа затоа што сакав да знаат дека сум заљубена, не го правам тоа често. Интересно е како се разбираме, согласуваме, има сè (се смее). Но, важно е да има добра енергија, тој да е добар човек, бидејќи не би се согласила на ништо помалку од она што го зацртав. Јас бев на мир, не ми требаше маж и не сум тип на девојка на која ѝ треба некој. Убаво ми е, патувам, убаво е да го споделам тоа со некого, но не по секоја цена – изјавила таа за „24седам“.

 

 

Марина редовно споделува фотографии од одморот и плажата, но ова е првпат таа да открие дел од својот љубовен живот.

Пејачката неодамна одлучи да го отстрани силиконот од усните, а резултатите тогаш ги покажа веднаш по интервенцијата.

 

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....