4.8 C
Скопје
21:37 - 11 март, 2026

(Фото) Српската убавица Нина Сеничар и ѕвездата на „Топ ган“ станаа родители по вторпат

Српската актерка и манекенка Нина Сеничар (38) и американскиот актер Џеј Елис (42) по вторпат станаа родители. Двојката веќе ја има четиригодишната ќерка Нора Грејс, која најмногу му се радува на новиот член на семејството.

Нина ја објави радосната вест на својот инстаграм-профил и со тоа го откри полот на бебето. Имено, брачните партнери добија момче на кое му го дадоа името Ноа Греј Елис.

Се верува дека името Ноа има повеќе значења и дека означува спасител, личност која ќе ги утеши другите, како и мирна и стабилна личност која носи позитивни промени и пресврти на сите околу него.

„Леле, имаме син! Ноа Греј Елис. 11 јули 2024 година“, напиша Нина покрај фотографијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)


Оваа позната убавица веќе подолго време живее на две адреси, во Србија и во Америка, каде моментално се наоѓа нејзиното семејно гнездо, а во родната земја доаѓа поради деловни ангажмани.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)


Да потсетиме, Сеничар и Елис се свршија на почетокот од 2019 година, за време на нивниот одмор на Бали, а решија да се венчаат во романтичната Италија. Сеничар блесна во венчаница на модната куќа „Долче и Габана“, направена специјално за неа, а Елис избра елегантен бордо костум.

Инаку, Елис е познат холивудски актер, а една од попознатите негови улоги е во продолжението на култниот „Топ ган: Маверик“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Слични објави

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо
Се вчитува....