18.8 C
Скопје
13:40 - 12 октомври, 2026

(Фото) Сопругата на Саша Поповиќ првпат се огласи по неговата смрт: Неутешната Сузана кратко порача…

Веста дека почина Саша Поповиќ одекна во регионот. Првиот човек на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ почина по кратко и тешко боледување во саботата, на 1 март.

Неговата сопруга Сузана Јовановиќ сега првпат се огласи по повод смртта на својот сакан сопруг. Таа се заблагодари на сите кои ѝ изјавија сочувство и се во длабока тага по веста дека Саша ја загуби битката со ракот:

„Им благодарам на сите добри луѓе кои изразија сочувство и сочувствуваа со нас во нашата болка. Семејството Поповиќ“, напиша кратко Сузана.

Со истите зборови на социјалните мрежи се огласи и ќерката на Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ, Александра, исто така во име на целото семејство.

За потсетување, основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина на 71-годишна возраст по кратко и тешко боледување во Париз.

Веста дека почина Поповиќ ја објави „Гранд“ продукција.

„Со голема тага ја информираме јавноста дека денеска по кратко и тешко боледување почина Александар Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција“, се вели во соопштението.

Саша Поповиќ беше миленик, како меѓу колегите и соработниците, така и меѓу пејачите, што не е чудно со оглед на неговото долгогодишно работење со естрадата.

Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.

Слични објави

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Десет години љубов со Ивана: Пејачот Дарко Илиевски слави годишнина од бракот

Еспресо

Јелена Карлеуша за случајот со Јаков Јозиновиќ: „Ако на нашите пејачи им забрануваат концерти, треба да возвратиме со иста мера“

К.С.

Силви Плевнеш за тешките моменти: Имавме финансиски проблеми додека ќерката беше во Холандија

Еспресо

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо
Се вчитува....