Музичарот почина по трагичен пад пред нешто повеќе од еден месец.
Семејството и пријателите на трагично загинатиот Лиам Пејн вчера се збогуваа со музичарот. Лијам беше погребан во родното место, нешто повеќе од еден месец откако падна од балконот на третиот кат на хотел во Буенос Аирес, Аргентина.
Меѓу првите што пристигнаа пред црквата беа поранешните членови на „Уан дајрекшн“, групата во која беше член и Лијам.
Хари Стајлс, Ниjл Хоран, Луис Томлинсон и Зејн Малик изгледаа неутешно додека се поздравуваа со другите присутни.
Момчињата во еден момент застанаа пред црквата и ги гледаа цвеќињата кои беа надвор од црквата.
View this post on Instagram
Сајмон Кауел, кој го создаде бендот „Уан дајрекшн“, скршен од болка присуствуваше на последното испраќање на Лијам Пејн.
Меѓу првите пристигна свршеницата на Лијам Пејн, Кејт Кесиди, која беше со него два дена пред тој трагично да почине во Аргентина.
Видно потресена и скршена од болка се појави и поранешната партнерка на Лијам, пејачката Черил Кол, со која го доби синот Беар.
View this post on Instagram