5.8 C
Скопје
00:34 - 1 април, 2026

(Фото) Славење во домот на поранешната сопруга на Милан Калиниќ! Сандра упати емотивни зборови до посебна личност

Поранешната сопруга на српскиот актер и водител Милан Калиниќ, Сандра Калиниќ, има причина за славење – нивната ќерка Теа го прослави 17-от роденден.

Сандра на својот инстаграм-профил сподели фотографии со својата ќерка и ѝ упати трогателни зборови за нејзиниот посебен ден.

„Јас секогаш ќе ти го чувам грбот. Среќен ти роденден ѕвездо моја најблескава“, напишала Сандра покрај фотографијата со Теа, која ја доби во бракот со Милан Калиниќ.

Набрзо следувале бројни честитки под објавата на Сандра.

Да потсетиме, Милан Калиниќ се разведе од сопругата Сандра пред речиси една година, по што се исели од семејниот дом.

Секој тргна по својот пат, но за животот на Сандра не се знае многу, со оглед на тоа што таа најмногу објавува фотографии со пријателите на Инстаграм.

На Денот на жената, 8 Март, ја чекало посебно изненадување.

Таа на својот Инстаграм објави фотографија од букет, а во позадина стои една од најважните личности за неа.

Децата ја изненадиле Сандра со букет цвеќе, поточно синот, а таа се пофалила:

„Мојот В“, напишала Сандра и додала емотикон со срце.

Иако бракот, за жал, не опстана, Милан Калиниќ отсекогаш важел за џентлмен, а неговите манири ги преземал и неговиот син, кој ѝ покажал на мајка си колку ја цени и сака.

Да потсетиме, Сандра и Милан се венчаа во 2006 година и во брак беа речиси две децении.

Пред тоа, Милан беше во врска со Тања Анѓелиќ, но неговата врска со Сандра брзо доби сериозен пресврт. Свадбата беше романтична и интимна, а Милан на емотивен начин ја запроси Сандра, што стана тема на многу разговори во медиумите.

Со текот на годините, парот создаде хармонично семејство, добивајќи две деца – ќерката Теа и синот Вук. Бракот беше предмет на восхит на јавноста до октомври 2024 година, кога веста за разводот ја шокираше јавноста.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....