-0.2 C
Скопје
10:41 - 23 декември, 2024

(Фото) Сите претходни убавици на Милош Биковиќ: Големи љубови, травматични врски, страсти и навреди по романсите…

Познатиот актер Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ го чекаат своето прво дете.

Парот со месеци ја криел од јавноста веста за бременоста на 25 годишната Ивана.

Веќе минатата година се шпекулираше дека познатиот актер планира свадба со својата избраничка Ивана Малиќ со која сега чека дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

Се шпекулираше дека актерот ќе прави свадба за близок круг пријатели на Мокра Гора. Биковиќ таму купил неколку апартмани пред повеќе од една година, па планира во нив да бидат сместени сите гости. Во рамките на луксузното одморалиште, кое е целосно опремено и изработено од природни материјали, се наоѓа и езеро како од бајките, каде парот ќе го каже судбоносното „да“.

Сепак, пред да заплови во мирно пристаниште со Ивана, Биковиќ имал прилично бурен љубовен живот, а по раскинувањето поминал и низ пекол со некои поранешни избранички.

Еве ги сите негови поранешни девојки:

Бранкица Себастијановиќ

Кога се заљубиле, таа сè уште студирала, а тој само што почнувал успешна филмска кариера. Тие почнаа да работат заедно, а првиот проект беше филм, подоцна серијата, „Самец во брак“, во која портретираа брачен пар.

Нивната љубов траеше четири години, а особено привлекоа внимание поради одлуката да „штедат за брак“, за која јавно зборуваа.

Саша Лус

Милош и Саша се запознале на снимање на реклама, а набрзо се појавиле и на насловната страница на рускиот Вог. Тие беа во врска неколку месеци во текот на 2016 година и не ја криеја својата љубов ниту на социјалните мрежи.

Кога во медиумите се појави фотографија на Саша Лус со друг маж, манекенката беше осудена и наречена прељубничка. Милош како вистински џентлмен беше принуден да ја брани, па на Инстаграм објасни дека тој и Саша раскинале пред да се фотографира, но дека не нашле за потребно да ја информираат јавноста за раскинувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasha Luss (@sashaluss)

Аглаја Тарасова

И со неа се сликаше за насловните страници на руските списанија, но никогаш за српските – во својата родна земја речиси и да не зборуваше за неа, а набрзо глумеа и во заедничкиот филм „Мраз“.

Интересно е што Милош глумеше и со мајката на Аглаја, во филмот „Митови“, познатата руска актерка Ксенија Рапапорт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aglaya Tarasova (@aglayatarasova)

Барбара Таталовиќ

Манекенката и актерот врската ја започнаа во тајност, а потоа почнаа јавно да се појавуваат како пар. Иако многумина очекуваа дека оваа врска ќе прерасне во нешто повеќе, раскинувањето наводно се должи на оддалеченоста и реткото гледање.

Барбара е една од ретките која изјави дека не сака да ја нарекуваат поранешна девојка на Милош Биковиќ.

Сепак, Барбара минатата година ја шокираше јавноста со тоа што призна дека била жртва на психичко насилство од Биковиќ. Како што напиша во својата објава на Инстаграм, и требало долго време да се опорави од траумата.

Арина Волошина

Оваа девојка ја крена јавноста на нозе со своето искуство од врската со Милош Биковиќ. Како бомба одекна веста дека Милош Биковиќ бил многу манипулативен во врската со неа.

Младата убавица рекла дека „се надевала дека има нешто човечко во него“, а тоа е преблаго во споредба со другите тврдења кои ги изнела за српскиот актер, пренесе списанието Wanted.

Ања Алач

Една од неговите први девојки беше актерката Ања Алач. Ќерката на актерите Весна Чипчиќ и Александар Алач го освои срцето на Милош Биковиќ на универзитетот каде студираа заедно. Тие беа во врска пред речиси една деценија, а по раскинувањето Ања се забавуваше со актерот Радован Вујовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja Josifovski (@anja_alac)

 

 

 

 

Слични објави

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо
Се вчитува....