11:46 - 3 април, 2026

(Фото) Што се јадеше на Оскарите 2023: Од ланч пакетчиња со ѓевреци до скулптурен лосос, ракчиња, пет вида тестенини

На гостите на Оскарите им беше послужена свечена вечера, а имаа и грицки доколку се гладни пред вечерата. Имено, Џими Кимел сакал вечерта да помине добро, па размислувал и да се погрижи гостите да не бидат гладни. Домаќинот, неговиот персонал и Академијата подготвија мало пакување со храна за секој гостин, пишува Vice.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THE GOOD FILMS. (@the_goodfilms)

Тој на својот Инстаграм објави што има во пакетчето. Во пакетот, гостите можеа да најдат ѓевреци од Shappy Pretzel Co., шишиња со вода, слатки Sour Patch и рачно напишана белешка од домаќинот. „Не е ли ова убаво изненадување? P.S. – донација во мое име е уплатена во Регионалната банка за храна Л.А.“, гласеше пораката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Kimmel Live (@jimmykimmellive)

Кимел е долгогодишен љубител на переци. Актерската двојка Адам Шапиро и Кејти Лоус ја основаа компанијата во 2020 година, кога на Адам му недостигаа ѓевреците од родниот град и реши да си направи своја компанија.

– Џими Кимел е еден од нашите омилени муштерии и нѝ се јави пред неколку недели, рече „Сакам да ставам ѓевреци под секое седиште на Оскарите“, изјави Адам пред доделувањето на наградите.

Покрај тој пакет, познато е и менито за вечера. За храната бил задолжен готвачот Оскар Волфганг Пук, а му се придружил и британскиот готвач Елиот Грувер, пишува Independent. Гостите имаа можност да јадат риба, говедско месо, компири, пита со пилешко, чаден лосос во форма на статуа, пет видови тестенини и пилешко печено во азиски стил. Но, тоа не е се.

– Имаме пет видови тестенини, од агнолоти до тестенини со тартуфи, веганска пица, пица со кинески зачини, хунан модар патлиџан, до ориз и вегетаријанска верзија на салата од крцкави ракови – изјави Пук за Vice.

Што се однесува до пијалоците, гостите беа послужени со шампањ Fleur de Miraval, компанија која е во косопственост на Бред Пит. Едно шише од тој шампањ чини 400 долари. Овој пијалок втора година по ред имаат можност да го пијат гостите на Оскарите, додека  Piper-Heidsieck е официјален шампањ на ова доделување седум години по ред.

 

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....