21.8 C
Скопје
17:14 - 5 април, 2026

(Фото) Шерон Стоун со интересен натпис на градите откри за кого гласала во Америка

шерон стоун

Холивудската актерка Шерон Стоун (66) откри дека гласала за Камала Харис на претседателските избори што се одржуваат во САД.

„О, да, о да, о да, таа може“, напишала таа на фотографијата што ја објави на Инстаграм. Актерката позираше во црна маица со натпис „Госпоѓа претседателка“, алудирајќи на Камала Харис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Во коментарите на актерката ѝ се јавија многу следбеници кои го поддржаа нејзиниот глас, но бројни од нив ѝ напишаа дека „Доналд Трамп сигурно победува“.

Инаку, во кампањата пред претседателските избори во САД се вклучија многу познати личности, меѓу кои и актерките Џенифер Гарнер, Џулија Робертс и Џејн Фонда. Настапите на славните личности ги зајакнуваат пораките за гласање, вели Кристијан Грос, професор по политички науки и академски директор на Институтот Шварценегер на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

„Ако непознато лице тропне на врата, тоа само остава впечаток на тој гласач. Кога славна личност го прави тоа, создава медиумско покривање и објави на социјалните мрежи кои допираат подалеку од тој дом“, рече Грос.

Дали тоа ќе се претвори во поголем одговор зависи од славната личност и околностите. Мегаѕвездите како Опра Винфри можат да имаат значително влијание. Нејзината поддршка за Барак Обама во 2007 година е заслужна за милион гласови во текот на прелиминарните избори на Демократската партија.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....