7.8 C
Скопје
23:26 - 30 март, 2026

(Фото) Се случи раскошна втора свадба за Лопез и Афлек: Спектакуларна венчаница за Џенифер, децата на парот облечени во бело

Џенифер Лопез го кажа второто „да“ на нејзиниот избраник, глумецот Бен Афлек, овојпат во Џорџија, на приватниот имот на Афлек.

Акетрите приредија  раскошна церемонија во домот на Афлек во Џорџија, вчера, на 20 август, за пријателите и поширокото семејство еден месец по нивната тајна венчавка во Лас Вегас.

Невестата носеше неверојатна венчаница со кратки ракави, гол грб и крој кој ја акцентира нејзината убава силуета, а венчаницата завршува со набран материјал кој се простира на земјата.

Долгата „опашка“, за да додаде дополнителна драма, ја држеа петте деца на парот од претходните бракови, испраќајќи ги малденците така до олтарот- 14-годишните близнаци на Лопез, Макс и Еме, како и Виолет на Афлек, 16, Серафина, 13 и Семјуел, 10, — помогнаа Џенифер да може да се движи елегантно на свечената патека, а потоа и по патеката која води до постцеремонијата која се одржа на имотот на куќата, „во стил на плантажа“ во Рицеборо, Џорџија.


Како што беше и претходно октриено, венчаницата која ја носеше лопез е крација на Ларф Лорен.

Церемонијата ја предводеше свештеникот Џеј Шети, а меѓу А листата на гости беа Мет Дејмон и Џими Кимел. По судбоносното „да“, следуваше огномет и музика во живо на бурната забава.

Младоженецот, носеше бел смокинг и црни панталони, односно модниот избор на Афлек беше многу сличен на оној кој веќе го видовме на венчавката во Лас Вегас минатиот месец.

Нивната тридневна „интимна прослава за семејството и пријателите“ започна со вечера во петокот – што накратко беше прекината кога мајката на Афлек итно беше пренесена во болница поради расекотина на ногата – а денес забавата ќе рподолжи со пикник и со скара.

Ексклузивното право на фотографии од свадбата на Лопез – Афлек се продадени на Вог.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....