13:22 - 6 април, 2026

(Фото) Се „скрши“ на сцената: Лепа Брена во солзи на концертот во Загреб, една песна ја трогна

Лепа Брена го одржа првиот од петте закажани концерти во Арената во Загреб, а за спектаклот што го приреди зборува целиот регион.

Видно емотивна, Брена излезе на сцената во црна облека со златни реси, кои потсетуваа на некои дамнешни времиња и на нејзините концерти ширум некогашниот југ, а на грбот ги имаше иницијалите „ЛБ“. Концертот го отвори со песната „Влези слободно“, додека најемотивниот дел од вечерта беше кога емоциите ја преплавија на сцената.

Брена се скрши и заплака кога ја изведе песната „Посакај среќа на другите“. По нејзините образи течеа солзи, а публиката возврати со громогласен аплауз и неизмерна љубов.

Да потсетиме, Брена на самиот почеток ја поздрави публиката со следните зборови:

„Загреб, добра вечер! Со денови се обидувам да смислам некој убав текст да кажам на почетокот на овие пет вечери на дружење со вас. Тешко е да се изберат зборови и емоции, па мислам наједноставно е да ви кажам дека ова што го подготвивме е за вас вечерва, нашата емоција и нашите песни ќе покажат се!“, рече таа и ја фрли публиката во делириум.

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....