Пејачката Крстиња Тодоровиќ, која многумина ја паметат од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, оставила силен впечаток и кај жирито и кај публиката – со својот глас, но и со својата убавина. Сепак, извесно време се борела со вишокот килограми, што бил сериозен предизвик за нејзината кариера. На крајот, таа одлучила да се подложи на операција со која ослабела дури 100 килограми.
View this post on Instagram
По значителното губење на тежината, следувал и следниот чекор – отстранување на вишокот кожа. Оваа тешка интервенција ја финансирал, според пишувањето на српските медиуми, од страна тогашниот директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ. Во текот на натпреварот, токму тој ја охрабрил Крстиња да се промени и ѝ ветил помош во финансирањето на операцијата, што подоцна и го исполнил, плаќајќи околу 6.000 евра за процедурата што ги вклучувала грбот и стомакот.
„Операцијата трае околу два ипол часа. Закрепнувањето е еден месец, а во тој период ќе мора да носи појас“, изјавил тогаш извор близок до продукцијата.
И самата Крстиња се осврнала на своето пат што морала да го изоди, зборувајќи за клучниот момент кога донела одлука да направи голема промена:
„Откако ја гледав емисијата во првиот круг, ме дочека сериозен разговор со Марија. Ми рече дека некои работи мора да се решат за да успеам и тогаш се одлучив за интервенцијата“, раскажала таа.
View this post on Instagram
Свесна за правилата на шоу-бизнисот, Крстиња отворено зборувала за мотивите што ја навеле да го промени својот живот од корен.
„Шоу-бизнисот е таков што ќе се појави некој што изгледа поубаво од мене, но не пее подобро и ќе помине, а јас ќе отпаднам. Кога ќе стигнете до таа фаза каде што ви е потребна стручна медицинска помош, знаете дека тоа е болест. На почетокот ми беше многу тешко, но по неколку дена, сега месеци, сето тоа беше заборавено. Борбата со самата себе беше најтешка и со гордост можам да кажам дека сега сè е зад мене. Да можам да го вратам времето, би го направила сето тоа повторно.“ порачала неодамна Крстиња.
View this post on Instagram
