6.8 C
Скопје
06:08 - 31 март, 2026

(Фото) Само за две парчиња платила брутален износ! Александра Пријовиќ синоќа се појави во фустан за кој сите зборуваат

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ, гостуваше на првиот концерт на бендот „Лексингтон“ во Штак Арена на 8 март.

 


Кога излегла на сцената, Пријовиќ ја воодушевила публиката со гласот и изгледот, но и со впечатливата комбинација во која се појавила во Арената. За оваа посебна вечер и празникот на жената, Александра избрала долг кожен фустан во зелено-маслинеста боја, кој ја истакнал нејзината тенка фигура и го искомбинирала со црни, елегантни чевли на високи потпетици.

 


Само за фустанот, кој е од брендот Рик Овенс, потрошила 626 евра, додека чевлите се од марката „Аквазура“ и чинат 507 евра. Така Александра Пријовиќ потроши 1.133 евра за стајлингот.

 


Познато е дека Александра сака да купува добра и квалитетна облека, а на концертите во текот на турнејата „Од исток до запад“ имавме можност да ја видиме во бројни комбинации. Речиси на секој концерт носеше нова облека, а сите стајлинзи чинеа богатство.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....