08:53 - 2 април, 2026

(Фото) Само една во Србија: Јована Јеремиќ од новиот партнер доби златна чанта „Долче и Габана“ од 2,500 евра

Јована Јеремиќ, водителката на утринската програма на српската телевизи „Пинк“, има нов партнер – богатиот бизнисмен Драган Станковиќ, кој не престанува да ја опсипува со љубов и подароци.

Јована за Нова година од него добила златна чанта „Долче и Габана“ која чини 2.500 евра и во Србија не постои личност која освен неа го поседува тој модел на чанта.

– Драган ми ја подари. Инаку, јас во животот не би дала толку пари за чанта. Тоа тој го купува. Самиот дојде, рече дека ми е новогодишен подарок. Една единствена во Србија беше златната „Долче и Габана“. Човекот се скрши додека да ми најде. Тоа ми подари за Нова Година, си мислам во себе, до Нова година ќе има уште десет чанти – рекла Јована за „ПулсОнлајн.рс“.

Јована открила и со што ги заслужила овие подароци.

– Мора да си многу добар човек. Мене сè ми се допаѓа кај него. Ги сакам неговите усни, го сакам неговиот поглед, ги сакам очите, челото, стапалата, прстите, грбот, сето тоа го бакнувам, сето тоа го сакам. Да сакав да нацртам човек како Драган, немаше да успеам – истакнала Јована.

Водителката открила и како ја замислува својата иднина.

– Никогаш нема да се омажам за маж кој не може да ми понуди повеќе од тоа што имам. Апсолутно посакувам да имам голема куќа на Дедиње со базен, за да можам сè да имам во таа куќа и своја сауна и своја теретана и своја спа бања. Мора да имам држава во држава, град во својата куќа. Јас не сакам да излегувам од куќата, сакам сè тука да биде. Сакам во некој период од мојот живот што следи да се посветам максимално на работата на телевизија – истакнала Јована.

Фотографијата од златната чанта „Долче и Габана“ можете да ја погледнете ТУКА.

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....