18.8 C
Скопје
13:39 - 13 март, 2026

(Фото) Прво огласување на Сандра по разводот со Милан Калиниќ: Скока од радост – време е да го откриеме полот на бебето

Како што објавија српските медиуми, водителот и актер Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра решиле да стават точка на бракот на почетокот на годината, по 18 години заеднички живот, кога сфатиле дека за нив и за нивните деца е најдобро што секој да тргне по својот пат.

Тие, наводно, многу брзо се договориле спогодбено да се разведат и да го поделат брачниот имот, за сè да помине што побрзо и побезболно, пред сè, заради доброто на нивните две деца, пишува српски „Курир“.

По веста за разводот на славниот пар, Сандра не се огласуваше. Дури сега на својот инстаграм-профил објави фотографија која потврдува дека сопругата на Милан Калиниќ е многу среќна.

Имено, нејзината добра пријателка е во бремена, а очигледно дошло време да се открие полот на бебето, па од сините балони и синиот елек на Сандра можело да се заклучи дека ќе биде машко.

На фотографијата може да се види како Сандра скока од радост и ужива во друштвото на својата пријателка која моментално го минува најубавиот период во животот, а таа како и секоја вистинска пријателка, ѝ е голема поддршка во ваквите моменти од животот.

Инаку, што се однесува до разводот, Милан веднаш прифатил станот во кој живееле заедно со години во Вождовац да им припадне на Сандра и нивните деца и тие таму ќе продолжат да живеат. Тој се преселил кај својата мајка во центарот на градот и веќе некое време живее таму.

Џипот и скутерот ќе ги задржи во своја сопственост, со кои секојдневно ги завршува сите обврски низ градот. Покрај станот, на Сандра ќе ѝ остане и еден автомобил, соопшти „Курир“.

 

Слични објави

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin
Се вчитува....