09:44 - 20 декември, 2025

(Фото) Пристигна бебето! Поранешниот на Емина Јаховиќ објави преслатка фотографија од приновата во семејството

Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, турскиот пејач Мустафа Сандал се пофали со пристигнувањето на новиот член во семејството.

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал уживаа во бракот од 2008 до 2018 година. Иако сè изгледаше идилично, се испостави дека парот има бројни проблеми, поради што ставија точка на својата љубов.

Емина и Мустафа не останаа во добри односи иако имаат два сина, пред сè, поради тоа што пејачот не плаќал алиментација, а Сандал оттогаш повторно се ожени.

Сега на својот инстаграм-профил сподели фотографија од бебето кое неодамна го доби неговиот брат.

„Берен дојде! Добредојде! Станав вујко!“, напиша тој во описот на приказната на Инстаграм.

Семејството Сандал стана побогато за уште еден член, а бебето несомнено им донесе многу радост.

Инаку, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка Мелис Сутшуруп во 2022 година. Пејачот и неговата 19 години помлада избраничка првпат се венчаа во Рим на 3 јуни, а од 10 до 12 јуни имаа гала прослава во луксузен хотел во Мармарис, за што платија околу 200.000 евра.

Инаку, како што претходно пренесе „Информер“, Емина и Мустафа голема битка воделе и околу вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и студијата кои ги купиле за четири милиони евра.

– Емина е бесна на Сандал бидејќи се обидува да ја остави без ништо, иако беа во брак 10 години. Проблемот е што Мустафа бара да се продадат двете недвижности и поголемиот дел од парите од продажбата да му припаднат нему! Емина затоа ангажирала неколку адвокати кои ќе се обидат на суд да докажат дека се работи за имот стекнат во брак, кој не може да го отуѓи без нејзина согласност – рекол добро упатен извор и додал дека Емина не сака да ја напушти куќата во која живее со нивните синови Јаман и Јавуз.

Неделен хороскоп (од 20 до 26 мај): Нова ера за Близнаците, одлични вести за Лавовите, комплициран период за Рибите

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 декември: Искористете ја вашата енергија за да донесете важни одлуки

apostolova

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо
Се вчитува....