21:24 - 29 јануари, 2026

(Фото) Борис Џонсон и сопругата уживаа во луксузен рестор во Словенија, еве каков гостин бил Џонсон и колку плаќале

Борис и Кери Џонсон го поминаа меден месец како гости на луксузното еко-одморалиште Вила Планинка во Словенија и одморот не помина незабележан. По овој одмор пак, се одлучија да заминат на продолжен одмор во Грција. 

За нивниот задоцнет меден месец Борис и Кери Џонсон се одлучија за еко-одморалиште со 5 ѕвезди во Словенија: Вила Планинка. Имотот им нуди на гостите можност да живеат во заедница со природата, во единствена атмосфера. На тој начин, гурманската кујна и стремежот за благосостојба се комбинираат со почитување на околината.

Еко-одморалиштето што го избраа Борис Џонсон и неговата сопруга за одмор е претставено како „луксузна дестинација опкружена со зеленилото на Словенија“. Вила Планинка се наоѓа во близина на селото Језерско во долината Кокра, на околу 30 минути од главниот град Љубљана. На своите гости им ветува уникатно релаксирачко искуство, во кое внатрешната енергија е совршено усогласена со природната. Во ова поднебје нема место за френетичното секојдневие. За да не се уништат моментите на целосна рекалсација, Интернетот е достапен само во лобито, а во собите може да се користи само на одредено барање. Собите, всушност, се без електрични приклучоци и технолошка опрема. На секој клиент му се нудат целосно еколошки производи за бања. Вилата е опремена и со велнес центар и гурмански ресторан.

За време на нивниот одмор Борис Џонсон и Кери Сајмондс целосно уживаа во предностите на еко-одморалиштето. Регионот Језерско, на границата со Австрија, е дефиниран како дел од „Зелениот бисер на Европа“. Парот затоа уживал во долги прошетки низ парковите, возење велосипед и планинарење, но и во пливање и нуркање во езерото Блед.


Кујната на ресторанот им понудила уникатни, строго локални јадења, како сладолед од пчелен полен и шунка од мечка.

Одложениот меден месец на г-дин и г-ѓа Џонсон во Вила Планинка не помина незабележано. Сопственичката на хотелот рече дека е воодушевена што го угостила „станар“ на Даунинг стрит (премиер во заминување), дефинирајќи го како идеален клиент.

Сепак, контроверзите не изостануваат. Иако покажаната љубов кон околината треба да се смета за предност, Британците му замерија на премиерот во заминување дека се луксузира во време на кризи и инфлација. Имено, ноќевање во една од собите на вилата чини помеѓу 242 и 542 фунти, што одговара на цена помеѓу 290 и 650 евра.

По овој одмор во Словенија, Џонсон и сопругата заминаа во Грција.

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....