15.8 C
Скопје
12:30 - 12 април, 2025

(Фото) Познатата српска милијардерка фотографирана на концертот на Цеца во Дубаи! Се криела во сепаре со сопругата на шеикот 

На настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Дубаи, тимот на српски „Курир“ и покрај строгото обезбедување успеало да ја сними најбогатата Србинка, милијардерката Сандра Мељниченко.

Сандра се опуштала во друштво на пријатели, скриена под капа и качулка, а во сепарето била во друштво на својата богата пријателка Јелена бин Драи, која е во брак со шеик. Ниту една од нив не била премногу впечатлива, тие повеќето време го поминале седејќи и разговарајќи една со друга, отколку да танцуваат или да се истакнуваат.

Меѓутоа во моментот кога се слушнале тактовите на песната „Заборави“, и двете станале, а екипата на „Курир“ во тој момент успеала да ги сними.

Она што привлекло посебно внимание е лежерниот, но исклучително ефектен стајлинг на Сандра. Таа носела бела кошула со качулка и широки сини фармерки кои биле набрани на дното и искинати до крајот, откривајќи ѝ ја ногата и истакнувајќи ја нејзината прекрасна фигура.

Еден детаљ што сите го забележале е дека комбинацијата ја комплетирала со капа со буквата „А“, додавајќи лежерен, но тренди шмек на својот изглед. Сандра и во опуштен стајлинг покажала дека времето како да застанало за неа, зрачи со едноставна елеганција и препознатлив стил.

Инаку, ова е прва снимка на Сандра Мељниченко која ја снимија српските медиуми по долги години, а колку е тешко да се сними убавата Сандра, докажува и фактот што дури и светските медиуми тешко можат да ја „уловат“.

Да потсетиме, Сандра Мељниченко во 2005 година се омажи за рускиот милијардер Андреј Мељниченко.

Двојката се венча на 3 септември 2005 година на луксузен имот во Антиб на Азурниот брег, а на церемонијата присуствувале најпознатите светски шоубизнис имиња. Гостите уживале во настапите на Енрико Иглесијас, Витни Хјустон и Кристина Агилера, а како што објавија медиумите, рускиот милијардер на венчавката потрошил околу три милиони фунти.

Сандра и Андреј Мељниченко имаат две деца, ќерката Тара и синот Адријан, кои се обидуваат да ги заштитат од очите на јавноста.

Фотографиите од Александра на концертот на Цеца можете да ги погледнете ТУКА.

Слични објави

(Видео) Милијардер потрошил 100.000 евра на Теа Таировиќ! Пејачката со својот жежок танц го „запали“ Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Риби, изразете му љубов на партнерот, Водолии, соработувајте со колегите!

Еспресо

Јована Јеремиќ призна колку е љубоморна во врската: Водителката ги прозва бившите на Драган

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ во многу непријатна ситуација: Катарина отворено призна што ѝ смета кај нејзиниот сопруг

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ купија вила од милион долари: Погледнете го луксузот во кој живеат

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара ужива во луксузен стан од 200.000 евра во Нови Сад! Мебелот вреди цело богатство

Еспресо