06:46 - 27 ноември, 2026

(Фото) „Повторно се родив“: Познатата српска пејачка итно оперирана во Турција, откри како го поминува Велигден

Пејачката Марија Микиќ е во Турција каде оваа недела имаше две операции. Таа на своите следбеници на Инстаграм им откри дека по напуштањето на болницата прво го посетила православниот храм во Истанбул.

– Прва станица од болницата. И јас денеска повторно се родив. Среќен Велигден, драги мои. Ви посакувам здравје, мир, бериќет и љубов. И да ве има што повеќе“, напиша таа споделувајќи слика од црквата.

Инаку, Марија Микиќ за „Блиц“ откри детали откако беше оперирана во Турција.

– И покрај тоа што го барав проблемот повеќе од една година и добивав различни мислења, мојата состојба беше сè полоша и полоша. Дојдовме до тоа дека беа пронајдени три цисти кои беа предизвикани од аномалии од моето раѓање, кои лекарите овде не можеа да ги видат, а докторот Исмаил Кочак веднаш ги виде и требаше итна операција – рекла Марија и додала:

– И мене ми беше дијагностицирана девијација на нос, кој истиот ден беше коригиран. Сè помина подобро отколку што мислевме, докторот е пресреќен, сега на мене е да бидам одговорна и да ги почитувам чекорите на закрепнување. Наскоро ќе се вратам на нормално функционирање, подготовка на албуми и настапи и едвај чекам.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....