21:00 - 4 април, 2026

(Фото) Последната фотографија објавена од Метју Пери предизвикува морници: Се сликал во џакузи и испратил таинствена порака

Ѕвездата на серијата „Пријатели“ Метју Пери (54) е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а „Њујорк пост“, ја пренесува последната фотографија која Пери ја објави на својот Инстаграм.

Фотографијата на која е во базенот (џакузи) во својот дом со слушалки на главата, тој ја објави на 23 октомври на Инстаграм.

„Ох, толку топла вода што се врти наоколу прави да се чувствуваш добро? Јас сум Метман“, ја напишал Пери таинствената порака.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Истиот ден, тој сподели снимка од Месечината и донекаде појасни дека „Метмен“ е референца за „Бетмен“.

„Дали разбирате што се обидувам да ви кажам? Јас сум Метмен“, напишал актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Пет дена по овие објави, Пери е пронајден мртов во неговиот дом. Се претпоставува дека тој починал како последица на случајно давење во неговото џакузи.

Извори од американските медиуми наведуваат дека на местото на настанот не била пронајдена дрога, а не постои сомнеж за насилна смрт.

Пери бил на рехабилитација најмалку 15 пати, а во последните години имал дури 14 операции.

Тој зборуваше за своите демони во мемоарите „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во 2022 година.

 

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....