20.8 C
Скопје
16:13 - 12 март, 2026

(Фото) Последна вечер во Кан, шоуто го освои Дајан Кругер, Златна палма за Рубен Остлунд

По 12 интензивни денови (и вечери) на црвени теписи, забави, проекции…, 75-тото издание на Канскиот филмски фестивал 2022 заврши синоќа. За да ги прослават победниците на ова издание, ѕвездите повторно продефилираа на црвениот тепих покажувајќи ги фустаните од соништата зачувани за големото финале.

Најфотографирана е Дајан Кругер, облечена во тесен сребрен фустан без ракави, со сребрена впечатлива машна на задниот дел на креацијата, но се издвојува и дивата Мадалина Генеа, подготвена да експлодира од фустанот на Тони Вард кој изгледа едвај ја задржува нејзината бујна сензуалност.

Златната палма му припадна на „Triangle of Sadness“, од Рубен Остлунд. Всушност, филмскиот фестивал во Кан во 2022 година се затвори со аплауз за шведскиот режисер, роден во 1974 година, кој по филмот „Плоштад“ го повторува успехот од пред пет години.

Наградата за најдобра женска интерпретација ја доби Захра Амир Ебрахими (Светиот пајак), за најдобар актер – Сонг Канг-Хо (Брокер), најдобар режисер – Парк Чан Вук со филмот „Одлука за заминување“. Наградата за најдобро сценарио припадна на Тарик Салех за Момче од рајот, додека Специјалната награда на 75-тото издание на фестивалот ја доби Тори и Локита од браќата Жан-Пјер и Лук Дарден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diane Kruger (@dianekruger)

 

Слични објави

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо
Се вчитува....