13.8 C
Скопје
11:58 - 25 април, 2024

Што ни подготвија ѕвездите за 29 мај: Солиден ден за Скорпиите, практичен и рационален ден за Јарците, а Вагите ќе имаат успешен крај на неделата

Овен

Упорниот Овен повеќе од успешно би требало да ги заврши сите поставени деловни обврски, кои и оваа недела ќе ги има во изобилство. Денеска сите претставници на овој знак кои планирале заеднички активности со драга личност ќе имаат поволна астролошка клима во сферата на љубовните случувања.

Бик

На крајот од неделата, типичните Бикови се сè уште исцрпени, желни за одмор и опуштање од обврските. Психолошкиот замор поради различни деловни обврски, нема да ви остави многу време и енергија да ѝ се посветите на саканата личност. Малку труд никогаш не е на одмет.

Близнаци

И покрај желбата да ги задржат најважните деловни нишки во свои раце, родените во знакот Близнаци денес ги очекуваат бројни напори за да ги доведат до крај сите започнати обврски. Бидете што е можно попрецизни и јасни. Иако не е реално да очекувате поголеми проблеми, сепак потрудете се да не бидете премногу ситничави, без разлика колку мислите дека сте во право.

Рак

Завршете ги потребните работи поврзани со вашиот специфичен дел од работата и подгответе го теренот за идните деловни потфати што ве очекуваат. Обидете се да не го расипете инаку сосема солиден ден во сферата на љубовните врски со нереални очекувања за да избегнете потенцијални разочарувања.

Лав

Може да почувствувате некој вештачки притисок врз себе во текот на овој ден, но тоа е само минливо. Се занимавате со завршување на тековните обврски. Слично како и претходните денови, така и оваа недела во љубовната сфера ве очекуваат големи турбуленции, пред сè поради видливата неусогласеност меѓу вашите и очекувањата на другата страна.

Девица

Нема индиции за поголеми проблеми и доцнења во намерата за реализација на денешните обврски. Еве ден со поволна клима во љубовната сфера за поконкретни потези кон личност која одамна ви се допаѓа.

Вага

Потрудете се вашата работа да биде забележана и вреднувана на вистински начин. Ве очекува повеќе од задоволителен крај на неделата. Имате бројни планови за овој ден, потрудете се да вклопите како што треба и уживајте.

Скорпија

Повеќето Скорпии имаат солиден ден пред себе за да стават крај и да го завршат успешниот деловен циклус. Без оглед на тоа што постојат потенцијални симпатии во вашата поблиска околина, изгледа не ги забележувате.

Стрелец

Ако потрошивте многу енергија во изминатите неколку дена, денес би можеле малку да забавите и да ја завршите оваа недела на порелаксиран начин. Не е баш поволен ден за некои големи планови и акции на полето на љубовните врски. Мала одговорност ќе ви се најде.

Јарец

Уште еден добар ден е пред родените во знакот Јарец. Важно е да бидете практични, рационални и да не брзате да носите какви било одлуки. Излегувањето и дружењето со пријателите ви носи добра енергија, одлично расположение и многу нови контакти.

Водолија

Овој работен ден на повеќето Водолии им носи многу добра предиспозиција формално да стават крај на еден и да се свртат кон друг професионален предизвик. Тоа што е добро и тоа што ви одговара во љубовната сфера треба да се одржува што повеќе.

Риба

Вредната работа дава многу добри резултати, па денес Рибите ги следи фино задоволство во вид на пофалби. Израдувајте ја саканата личност со подарок, денес бидете малку попосветени од вообичаено, тоа ќе ви се исплати.

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо

Крајот на април ќе израдува три хороскопски знаци: Еве кои се среќниците

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо
Се вчитува....