5.8 C
Скопје
07:00 - 1 април, 2026

(Фото) Посебен ден: Лепа Брена му се обрати на Боба со емотивни зборови, сè „пука“ од љубов!

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се во среќен и хармоничен брак повеќе од три децении, а пејачката денеска јавно му го честиташе роденденот на својот сопруг.

Брена на својот инстаграм-профил објави фотографија од поранешниот тенисер од младоста и му упати трогателни зборови:

„Среќен роденден љубов моја! Те сакам“, напишала Брена, а на објавата ја закачила својата песна „Ја немам други дом“.

Боба Живојиновиќ го слави 61-от роденден.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Пејачката често зборува за љубовта на својот живот, а во една прилика откри како се запознале и како успеале да го сочуваат мирот.

– Јас и Боба се запознавме пред 35 години и сето тоа време бевме еден на друг дом, безбедно место каде што можеме да дојдеме такви какви што сме и каде никој не нè испрашува. Љубовта е поголема кога се дели, грижете се еден за друг, верувајте си себеси за да им верувате и на другите, почитувајте се и интересирајте се еден за друг. Секој ден. Љубовта е комбинација од грижа, посветеност, знаење, одговорност, почит и доверба. Кога двајца луѓе се свесни дека не можат и не треба да го променат другиот, но дека секогаш можат да му помогнат на другиот да најде сила да напредува и да биде подобар, е тогаш се случува раст. Растење кај двајцата, како поединец, но и како пар. Тоа е моментот кога ќе ја засакате другата личност онаква каква што е, а да се прифатите себеси онакви какви што сте. Голема вистина е дека поддршката во животот е многу важна, дека некој ве сака токму онакви какви што се. Вистината е дека сигурноста ти го дава твоето засолниште – рекла Брена.

За венчавката на Брена и Боба зборуваше целиот регион, а како што објавија тамошните медиуми, за организацијата на гала прославата наводно биле потрошени дури 50.000 германски марки. За гламурозната прослава се зборува со години, а многумина веруваат дека тоа била свадба на деценијата. Се памети дека тогаш бидермаерот го фатила пејачката Драгана Мирковиќ.

Кум им бил еден од најбогатите луѓе, Романецот Јон Цирјак, кој денес има 84 години и има огромно богатство, а неговиот живот многупати беше тема на светските медиуми.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....