8.8 C
Скопје
19:29 - 11 март, 2026

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Бизнисменот Тони Бијелиќ и пејачката Драгана Мирковиќ се разделија по 24 години заеднички живот.

Тони Бијелиќ во последно време не е активен на социјалните мрежи, но сега се огласи и покажа каде се наоѓа во моментов.

Имено, Тони отпатувал во Истанбул, а објавил фотографија од луксузен хотел, поточно од терасата од каде се простира нереалниот поглед.

Тони уживал во чаша бело вино, но не покажал кој му прави друштво.

Да потсетиме, Драгана ѝ се обрати на јавноста и објави дека се разведува по повеќе од две децении брак.

„Како некој кој целиот свој живот го засновал на чесност, чувствувам морална обврска денеска да ѝ се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод на бракот. Веќе подолг временски период мојот однос со Тони не е она што беше, а во последните три години, ние практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, заради моето семејство и поради тоа што сум воспитана на тој начин, направив сè за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана сè поголем и сфатив дека повеќе им штетиме на нашите сакани со тоа што остануваме со сила во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак. Јас секако останувам доследна на своите принципи, на својот начин на живот, исто како што останувам верна на своето семејство и на својата публика, а кон Тони секогаш ќе имам почит како кон татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години.

 

Слични објави

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova
Се вчитува....