15:54 - 3 април, 2026

(Видео) Поранешниот на Цеца и мисицата го открија полот на бебето! Бременоста ја чуваа во тајност со месеци, а сега ја споделија убавата вест

Поранешната српска мисица и учесничка на „Задруга“, Јована Љубисављевиќ се омажи за угостителот Богдан Срејовиќ, а сега со него чека и бебе! Двојката неодамна ја потврди среќната вест, откако објави фотографии од нивната венчавка. Јована сподели прекрасна фотографија на која Богдан го бакнува нејзиниот стомак, како и првата слика од ултразвукот.

 

Јована објави фотографија на Инстаграм со натпис „Бебето е на пат“ и додаде: „Љубовта раѓа љубов“. Богдан го сподели видеото со т.н. забава за откривање на пол, на која може да се види син чад по сечењето на тортата, што значи дека чекаат момче.

Двојката се венча тајно на крајот на јули, што предизвика гласини за можна бременост. По венчавката шпекулациите се засилија, а сега Јована и Богдан и официјално потврдија дека чекаат бебе.

Богдан Срејовиќ е угостител и поранешен партнер на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, додека Јована Љубисављевиќ е поранешна мисица и учесничка на реалното шоу „Задруга“.

Да потсетиме, Цеца и Богдан раскинаа во 2022 година.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....