03:52 - 12 март, 2026

(Фото) Пластични дискови со рефлексии: Од фустанот на водителката на Евровизија ќе ве заболи глава

Втората полуфинална вечер на евровизискиот натпревар,покрај настапите на учесниците остана забележано и поради облеката на водителката Хејзел Бругер.

Хејзел Бругер, швајцарско-американската комичарка, поетеса и водителка, повторно се најде во центарот на вниманието за време на втората полуфинална вечер на Евровизија во Базел. Нејзиниот стајлинг го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи, кои веднаш почнаа да коментираа.

Имено, некои гледачи и овој пат ја критикуваа модната комбинација на Хејзел, сметајќи го нејзиниот фустан за необичен и несоодветен за таква пригода. Иако Хејзел е позната по својот необичен хумор и стил, се чини дека нејзиниот пристап не наиде на одобрување на пошироката евровизиска публика оваа година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hazel Brugger (@hazelsgonnahaze)

– Јас, кога за време на пролетното чистење од горната полица ќе ми падне тенџере полно со катран и стара кутија со цедеа – напиша корисник на X.

Некои ја споредуваа со Лејди Гага.

Реакциите на гледачите на водењето на Хејзел Бругер се сè уште крајно поделени, а добар дел од коментарите на социјалните мрежи и порталите беа негативни и по првата полуфинална вечер. Хејзел заврши на мета на критиките поради необичните трикови со јазикот што ги изведе пред камерите, што шокираше многу гледачи и предизвика бран потсмев и негодување на социјалните мрежи.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....