Данската ракометна репрезентација се гордее со својот врвен играч Микел Хансен, но покрај неговиот успешен спортски живот, тој и приватно е среќно женет и има две деца.
View this post on Instagram
Хансен се оженил во мај, 2020, а избраничката е љубовта на неговиот живот. Се вика Стефани Гунделах, една година е постара од сопругот (36), поранешна данска моделка и манекенка, а денес таа е успешна стилистка.
View this post on Instagram
На својот Инстаграм профил кој го следат околу 40.000 следбеници, таа често споделува радосни мигови од животот со ракометарот и нивните дечиња.
View this post on Instagram
Микел и Стефани првпат се сретнале во 2017 година, на фестивалот Роскилд. Тоа била љубов на прв поглед, и веднаш изградиле стабилна врска и блискост, па набрзо (во март, 2020) следувала веридбата и свадбата – само два месеци подоцна. Во меѓувреме, во 2019 година, го добиле првиот син, а во мај 2021 – и вториот син.
View this post on Instagram
Хансен не случајно станал ракометар. Неговиот татко професионално се занимавал со ракомет и бил дел од националниот тим, па синот уште од мали нозе бил во ракометните сали. Денес тој важи за данска ракометна легенда, најдобро платена – „тежи“ над 5 милиони евра.
View this post on Instagram
Тој е дел од данската репрезентација уште од 2007.
Интересна е и неговата висина, имено тој е висок 1, 96 см. па оттука не е изненадувачко што само манекенка може да му парира на импресиовниот изглед.
View this post on Instagram