21:36 - 4 април, 2026

(Фото) Ова е братот на Лепа Брена: Живее во близина на сестра си, воопшто не личат! И тој се занимава со музика

Познатата пејачка Лепа Брена со децении има беспрекорна кариера, а ретко кој знае дека има брат кој, исто така, се занимава со музика.

Братот на Брена, Фарук Јахиќ, се појави на телевизија кога беше еден од учесниците во една од последните сезони на српското музичко натпреварување „Никогаш не е доцна“.

Фарук одлично пее и свири на хармоника, а јасно е дека семејството Јахиќ е талентирано, со оглед на тоа што и нивната сестра Факета одлично пее.

Во една прилика дури и Брена се појавила на сцената со својот брат Фарук, па заедно извеле песна. Инаку, Брена и Фарук физички воопшто не личат.

Лепа Брена своевремено зборувала за своето детство и истакнала дека нејзиниот брат и сестра впловиле во музичкиот свет пред неа.

Фарук живее во близина на Брена, бидејќи и тој се преселил од Брчко во Белград, додека нивната сестра живее во Канада.

 

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....