08:58 - 13 ноември, 2026

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

Српската пејачка Николија Јовановиќ и раперот Реља Поповиќ тајно се венчаа по 12 години заеднички живот. Веста за нивната венчавка предизвика големо внимание во регионалните медиуми, а парот на социјалните мрежи сподели фотографии од интимната прослава.

По објавувањето на веста, многумина се запрашаа дали Николија го задржала своето презиме или го презела презимето на сопругот. Одговорот го навести самиот Реља, кој на Инстаграм објави заедничка фотографија со пејачката.

„Господин и госпоѓа Поповиќ“, напиша раперот во описот на фотографијата, со што сугерираше дека Николија го земала неговото презиме.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Пејачката, пак, објави емотивна фотографија на која се гледаат нивните венчални прстени, како и моменти од прославата со кумовите.

Венчавката се одржала во присуство на најблиските пријатели и соработници. Кум на Николија бил модниот стилист Стефан Орлиќ, додека Реља за свој кум го избрал музичкиот продуцент Ѓорѓе Ѓорѓевиќ.

За свадбениот ден Николија избрала долг бел фустан со едноставен, елегантен крој и длабоко деколте. Креацијата имала впечатливи долги ленти, без тантела и светкави украси.

Николија и Реља со години важат за еден од најпознатите парови на српската музичка сцена. Заедно имаат две ќерки, а иако нивниот приватен живот често го привлекува вниманието на јавноста, досега не брзаа да стапат во брак.

Реља и претходно јавно зборувал за важноста на семејството и воспитувањето на децата. Во едно интервју истакнал дека најголемо задоволство му претставува кога другите ги пофалуваат неговите ќерки за нивното однесување.

Со венчавката, двојката и официјално го круниса својот долгогодишен однос, а нивните објави предизвикаа бројни реакции кај обожавателите.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....