16:01 - 4 ноември, 2026

(Фото) Ограбена српска пејачка: Во 4 часот наутро ѝ го скршиле прозорецот на автомобилот, затекнала целосен хаос

Српската пејачка Теодора Билановиќ била ограбена откако непознат сторител ѝ го скршил прозорецот од автомобилот и одзел неколку вредни предмети.

Имено, пејачката утринава го пронашла уништениот автомобил на паркингот пред својата зграда, каде што обично го паркира својот автомобил.

Некој, засега непознато лице, ѝ го уништил автомобилот и одзел неколку многу вредни работи.

Како што дознава српски „Телеграф“, таа се вратила од Бања Лука истата вечер кога околу 4 часот наутро ѝ бил уништен автомобилот.

Крадците го однеле мониторингот и скапиот капут што го нашле на задното седиште.

Да потсетиме, пејачката Теодора Билановиќ важи за многу барана на теренот и за една од поновите пејачки кои се во сериозен подем. Таа покрај пеењето, неодамна се запишала и на Медицинскиот факултет.

Фотографиите од уништениот автомобил на Теодора Билановиќ можете да ги погледнете ТУКА.

 

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....