11:09 - 2 април, 2026

(Фото) Ограбена кумата на Анастасија Ражнатовиќ: Еве што се случило во центарот на Белград 

Младата актерка Тара Милутиновиќ, позната и како кума на Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, синоќа на својот инстаграм-профил објавила за да ги извести пријателите дека е ограбена, како и дека, меѓу другото, останала без мобилниот телефон.

Имено, таа се огласила на социјалната мрежа за да не се грижат сите оние со кои е во контакт.

– Ме ограбија пред трговскиот центар, ми го украдоа телефонот. Доколку некому му требам, може да ме контактира само преку Инстаграм до утре, додека не го вратам својот број – објавила Тара.

 

Да потсетиме, Тара и Анастасија се пријателки уште од тинејџерските денови, а наследничката на Цеца одлучи убавата актерка да ѝ биде кума на свадбата.

– Таа ми е најдобра пријателка. Утре и таа ќе биде кума на мојата свадба. Ништо не ми е тешко да направам за неа. Се знаеме и се дружиме од мојата 12-та година – изјавила Ражнатовиќ во една прилика во емисијата „Неделно попладне“, додека нејзината свадба сè уште не била планирана.

Инаку, покрај актерството, кое го студирала на Факултетот за современи уметности, Милутиновиќ дипломирала и на друг факултет. Имено, пред да сфати дека сака да стане актерка, прво дипломирала на економскиот факултет.

Кариерата почна да ја гради во серија, имаше забележителна улога во филмот „Ал је леп овај свет“, а покрај глумењето пред камера, се проба и на штиците на Југословенскиот драмски театар.

Исто така, она што ретко кој знае е фактот дека Тара е внука на легендарниот фудбалер и тренер Велибор Бора Милутиновиќ.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо
Се вчитува....