12:24 - 3 април, 2026

(Фото) Одамна не позирале заедно: Лепа Брена ја покажа својата помала сестра, уживаат на јахта

Малку работа, малку одмор, така би можело да се опише летото на регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена (63). Минатиот викенд пејачката одржа спектакуларен концерт во Брчко, а во четвртокот на својата инстаграм-приказна сподели глетки од одморот.

Со семејството Лепа Брена ги „полни батериите“ на јахтата, а друштво ѝ правела нејзината помлада сестра Факета Стојановиќ, која нагалено ја нарекуваат Фара. Со насмевка на лицата, сестрите направиле селфи, додека сончевите зраци им паѓале на нивните лица.

Факета живее во Канада со двете ќерки, а нејзиниот сопруг Зоран Стојановиќ почина во септември минатата година.

Брена потоа објавила и идилично видео од раскошната јахта и од зајдисонцето во кое уживале додека пловеле.

Лепа Брена по летото ја чекаат низа концерти, а во декември ќе пее дури четири вечери во Арена Загреб. Концертите на 6, 7 и 9 декември се веќе распродадени, додека за 10 декември останале малку влезници.

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....