9.8 C
Скопје
17:31 - 24 февруари, 2026

(Фото) Обожавателите ја „нападнаа“ Нина Бадриќ дека се оперирала: „Ако ова е Нина, тогаш јас сум Софија Лорен“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ многупати изјави дека нема да коригира ништо кај себе.

Нина го цени природниот изглед, а сега објави фотографија и покрана лавина од коментари. Нејзините обожаватели не беа многу воодушевени од фотографијата, па ја „нападнаа“ пејачката дека не е искрена.

Додека некои се воодушевени од изгледот, други забележале промени кои не поминале незабележано.

Еден корисник дури оставил остар коментар, забележал дека Нина сега повеќе личи на Крис Џенер мајката на кланот Кардашијан-Џенер, додека друг коментирал дека пејачката „се унаказила“.

„Ако ова е Нина Бадриќ, тогаш јас сум Софија Лорен, малку се заиграла.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Меѓутоа, имало и такви кои ја пофалиле, истакнувајќи го нејзиниот глас и нејзината долгогодишна кариера.

„Гласот совршен, песните одлични, но што правиш од своето лице… тешко е да се пронајде вистинската Нина, таа исчезнала под ножот и ботоксот, па зошто?“.

„О Боже, образите… повеќе не личи на себе“, гласел друг коментар.

„Тоа е онаа Нина која зборува за тоа дека стареењето е привилегија и дека жените не треба да прават ботокс, операции… Бидејќи и понатаму ќе зрачат како жени на своите години, бла, бла, бла… Па што ѝ се случило???“

Нина претходно зборуваше за тоа како ја довела линијата до совршенство.

– Долго време го следам начинот на исхрана на Новак Ѓоковиќ и многу мои блиски луѓе кои се хранат така со години и навистина сè има смисла. Мојата сила се зголеми тројно. И духот и телето. Се чувствувам одлично, полетно, бистро, силна и им препорачувам на сите да го зајакнат имунитетот со здрава исхрана, а со самото тоа килограмите се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од ваквата исхрана се навистина несогледливи за нашето здравје и живот – раскажала тогаш Нина Бадриќ.

 

Слични објави

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо
Се вчитува....