12.8 C
Скопје
07:49 - 26 октомври, 2026

(Фото) Неда Украден во костим за капење собра комплименти, но и една забелешка

Неда Украден реши крајот на летото да го помине поинаку. Наместо морето, пејачката овојпат ги избра планините, па со своите следбеници сподели фотографии и видео од одморот во луксузниот хотел Рамонда, сместен во подножјето на Ртањ.

Со објавата таа испрати и порака: „Збогум море, одам во планинa!“, покажувајќи им на следбениците како ужива во мирен одмор, кој самата го опиша како „одмор за душата и телото“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

На една од фотографиите Неда се опушта во џакузи со пијалак во раката, додека на друга позира на балконот со поглед кон базените и зелените планински предели.

Друштво во текот на одморот ѝ прави и нејзиниот мал јоркширски териер.

Пејачката повторно привлече внимание и со својот избор на облека. Лежерната бела кошула ја искомбинирала со широк кафеав ремен и панталони со дезен, а во објавата им се заблагодарила и на домаќините за гостопримството.

Особено ја издвојала „љубезната Јадранка, прекрасната домаќинка“, со која направила и заедничка фотографија.

Хотелот што Неда го избрала за својот одмор се наоѓа во подножјето на Ртањ, планина позната по специфичниот пејзаж, но и по бројните легенди што со години се поврзуваат со неа.

Фотографиите очекувано предизвикаа големо внимание на социјалните мрежи. Следбениците во коментарите ја пофалија Неда за изгледот и стилот, а меѓу пораките можеше да се прочитаат и „Дама со стил“ и „Прекрасна и неповторлива“.

Една обожавателка нејзиниот одмор го поврзала и со нејзиниот актуелен албум, па ѝ напишала: „Баш како што вели песната – Своја на своето“.

Многумина се осврнаа и на нејзиниот младешки изглед. Сепак, покрај бројните комплименти, се појавија и коментари во кои дел од следбениците се посомневале дека фотографиите се обработени.

„Неда е безвременска кралица, ѕвезда, но навистина нема потреба од фотошоп“, напишал еден од следбениците.

Друг, пак, оставил поостра забелешка: „Од фотошоп сите изгледаат добро“.

И покрај ваквите реакции, поголемиот дел од коментарите биле позитивни, а објавите од планинскиот одмор на Неда Украден привлекле значително внимание.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....