11.8 C
Скопје
06:38 - 26 октомври, 2026

(Фото) Весела и разиграна: Каролина уникатно облечена скокаше на сцената во Гевгелија

Каролина Гочева беше една од главните музички ѕвезди на фестивалот „Вкуси го југот“ во Гевгелија, каде што настапи со својот бенд и пред публиката ги испеа своите најголеми хитови.

Облечена во црна комбинација, Каролина изгледаше одлично и уште еднаш покажа дека едноставниот и елегантен стил е нејзин заштитен знак. Но, покрај изгледот, вниманието го привлече и со расположението на сцената. Пејачката беше весела и разиграна, скокаше и танцуваше во ритамот на музиката и постојано комуницираше со публиката.

На сцената беше придружувана од целиот бенд, а низ концертот се редеа песни од различни периоди од нејзината долгогодишна кариера.

Дел од атмосферата Каролина ја сподели и на Инстаграм. На снимките се гледа енергичната атмосфера на сцената, а во една од објавите го означи и виолинистот Владимир Крстев.

Фото: Скриншот
Фото: Скриншот

„Вкуси го југот“ годинава се одржува во Гевгелија од 11 до 13 септември, со музичка програма и повеќе изведувачи, меѓу кои се Каролина Гочева, „Нокаут“, Игор Џамбазов и 2Бона.
Каролина неодамна беше дел и од големиот концерт по повод 35 години независност на Македонија, одржан на 1 септември на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Таа настапи со Македонската филхармонија, а еден од највпечатливите моменти беше дуетот со славниот шпански тенор Хозе Карерас, со кого ја испеа дует. На концертот со Карерас пееше и Калиопи, а вечерта заврши со заедничка изведба на „Едно име имаме“ со македонските музички ѕвезди.

Каролина, која на сцената е повеќе од три децении, неодамна зборуваше и за односот на македонската публика кон музиката.

„Во Македонија не поминува нешто само затоа што е мода. Ние можеби сме мали, но секогаш велам дека сме пребирливи за музика“, рече таа при гостувањето на ТВ Блиц.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....