11:53 - 16 ноември, 2026

Се сеќавате ли на девојчето Леонтина и нејзината измислена песничка за првиот училиштен ден? 10 години подоцна, направи нова верзија

Девојчето Леонтина од Бања Лука, кое во 2016 година стана вистинска интернет-ѕвезда по својот прв училиштен ден, повторно ги насмеа и ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Таа ја рекреираше својата позната измислена песничка, но овој пат со симпатична цел.

Пред цела деценија, во ТВ-прилог посветен на првачињата, новинарката ја замоли тогаш малата Леонтина да изрецитира некоја песничка. Иако првично рече дека не знае ниту една, девојчето брзо се снајде и од главата го измисли легендарниот стих:

„Првачиња, првачиња, дојдете ни сите, во нашето училиште забавувајте се сите, сите првачиња!“ — изрецитира таа, а потоа со симпатична гримаса искрено призна: „Ја измислив“.

По десет години, Леонтина го направи истиот видеозапис во идентичен манир, а видеото брзо стана вирално на Инстаграм. Бројните корисници во коментарите не го криеја воодушевувањето од тоа колку пораснала во меѓувреме, истакнувајќи дека нејзиниот спонтан шарм и по толку време ги насмева до солзи.

Слични објави

Ручек што можете да го подготвите однапред — рецепт за кремасти макарони со чедар и пармезан

К.С.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.
Се вчитува....