12:32 - 3 април, 2026

(Фото) Неда Украден на 73 години весла на даска во Црна Гора: Се соблече во бикини, го оптегна телото

Пејачката Неда Украден (73) во моментот престојува во Црна Гора каде има куќа и често објавува фотографии од море.

Неда уживала во веслањето на даската додека сонцето полека заоѓало во Бокторскиот залив. Оваа сцена воодушеви многумина, а елеганцијата и грациозноста на пејачката се нешто за кое многумина можат само да сонуваат да го постигнат во седумдесеттите години од животот.

Фотографијата ја снимил нејзиниот внук Дуле. Пејачката откри дека внукот ѝ ја позајмил даската и попатно се фотографирал, а нејзиниот изглед ги оставил сите без здив и на плажата и на социјалните мрежи.

„Фати ме ако можеш. Внукот Дуле ми ја позајми даската, па ме фотографираше“, напишала пејачката покрај фотографијата на која весла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)


Набрзо по објавената фотографија следеа коментари: „Прекрасно изгледаш“, „Секоја чест“, „Кралица“, „Дали е можно вака добро да изгледаш?!“, „Годините ништо не ти можат“…

Неда редовно објавува фотографии од одморот на море, а пред неколку дена ги воодушеви сите со фотографијата на која позира во едноделен костим за капење со длабоко деколте.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....