-3.2 C
Скопје
04:41 - 23 декември, 2024

(ФОТО) НАПРАВИЛ СÈ СО СВОИ РАЦЕ: Реплики на македонски градби го красат дворот на Стојан Арсиќ

Кога ќе го посетите дворот на последната куќа во скопската населба Керамидница, во која живее семејството Арсиќ, ќе имате впечаток дека сте влегле во некое друго време. Уште пред влезот на патеката ќе ја здогледате репликата на Македонска куќа, буквално иста на оригиналот што се наоѓа во близината на Универзитетската библиотека во центарот на Скопје, една од најубавите зачувани стари градби во Скопје.

фото – приватна архива

– Од почеток сакав да му дадам на дворот посебност и душа. Решив парчето природа да го всадам во него. Секако дека не одеше сè брзо и лесно, прво сакав сè да биде осмислено, од самиот почеток сè беше ставено на хартија. Започнав со порамнување, отстранување на дрвата кои не можев да ги вклопам во мојот план, па продолжив со засадување на зимзелени садници, но и некои егзотични растенија. Чекор по чекор, ден по ден, месец по месец, експериментирав и дворот го добиваше својот лик. – ни раскажува Стојан Арсиќ.

Тој во изминатите петнаесетина години, колку што е преокупиран со ова свое хоби, направил триесетина цркви и стари македонски куќи. Некои од нив се продадени, а другите го красат неговиот двор, кој неколкупати досега бил прогласен за најубав во општината, а во 2016 година беше прогласен и за најубав во Скопје.

– Човек честопати не ги знае своите можности, затоа треба да се предизвика за да почне нешто да работи. Првото дело што го направив е Црквата Свети Јован Канео, а најдолго ја изработував црквата „Плаошник“, која стои во дворот веќе 12 години и веќе ја доби патината, но и бојата на оригиналната верзија што се наоѓа во Охрид. Досега сум направил петнаесетина цркви. „Плаошник“ е најтешко и најдолго работена, цели 13 месеци и речиси е невозможно да се помести. Галичката и Крушевската куќа, каде што секој, па и најмал детаљ е направен со љубов. Има дури и низи од тутун, направени од ливчиња лорбер, килимчиња, чергичиња, минијатурен мебел во внатрешноста. – раскажува господин Арсиќ.

Сѐ почнало кога ја направил воденицата, чие тркало и денес се врти, а потоа посветено, со многу труд, одвоено време, пари и љубов, со своите десет прсти, кои редовно страдаат при изработката, ги создал и другите градби.

– Репликите се многу комплицирани за работа заради тоа што бараат автентичност на материјалите, на ликот, изгледот, треба да се знае размерот, геометријата и сето тоа да се вклопи во целина. Сите реплики се правени од прородни материјали, имам сопствена фурна каде печам глина – ни вели господин Стојан.

Неговата сопруга Кате, која му биле и колешка, ни откри дека во нивната куќа мајстор не влегува, бидејќи Стојан буквално за сѐ го бидува, а има и диплома за бравар, па некои од неговите дела се и кованата ограда, бунарот, а сам го направил и шадрванот, каде што напролет и налето на кафе и на муабет седнуваат драгите гости.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТО ГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....