7.8 C
Скопје
22:52 - 1 април, 2026

(Фото) Охриѓанката Маја Миа пронајдена мртва во Африка, неодамна била во Македонија и се фотографирала со познати политичари

Популарната мејк ап артистка и инфлуенсерка од Македонија, Маја Миа Јанеска, девојка на бонго ѕвездата Оми Димпоз, е пронајдена мртва. Убавата мејкап артистка излегувало со Оми Димпоз од 2020 година. Јанеска е по потекло од Охрид, повеќе од една деценија живеела во Танзанија, а живеела и во Јужна Африка. Веста ја пренесоа африканските медиуми, а преку социјалните мрежи се огласи и нејзиното момче, рапер од Танзанија.

Димпоз се огласи на своите социјални мрежи каде што објави неколку фотографии направени заедно со Миа и напиша „Почивај во мир љубов моја“. Миа се забавувала претходно и со комичарот од Танзанија, Идрис Султан, кој исто така ја сподели веста на неговите профили на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Idris (@idrissultan)

Не е јасно што ја предизвикало смртта на Маја Миа.

Неодамна Оми Димпоз се нашол на насловните страници откако се „откажал“ од својот татко преку социјалните мрежи,  објаснувајќи дека не бил близок со својот татко и дека речиси не се во контакт повеќе од дваесет години. Според Оми, татко му не го прифатил кога бил дете бидејќи мајка му го родила вонбрачно.

Од тоа што е видливо на Инстаграм профилот на Маја – таа била неодамна во Македонија, а на фотографија позира со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

Меѓу фотографиите е и онаа на која позира со поранешниот министер за здравство Филипче, двајцата седнати во кафеана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....