13:56 - 1 април, 2026

(Фото) „Мизерија и примитивизам“: Објавена снимка од гробот на Дино Дворник, се огласи згрозена неговата вдовица

Данијела Дворник (58), вдовица на покојниот „крал на фанкот“ Дино Дворник, се огласи на Инстаграм откако еден обожавател го посетил гробот на нејзиниот сопруг по повод празникот денот на Сите светци и снимката ја објавил на социјалните мрежи со коментар во кој сугерира дека гробот е запуштен.

Под видеото стоел насловот: „Дино Дворник, легенда, заборавен од сите“.

Данијела го споделила тоа видео на својата приказна на Инстаграм, заедно со сопствена реакција:

„Она кога луѓето одат на гробишта за да фотографираат туѓи гробови и да ги објавуваат на социјалните мрежи! И така секоја година! Мизерија и примитивизам!“, напишала Данијела Дворник.

Дино и Данијела се венчаа во 1989 година, една година подоцна ја добија ќерката Ела, а беа во брак до неговата смрт во 2008 година.

Дино Дворник почина на 7 септември 2008 година, на 45-годишна возраст.

 

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо
Се вчитува....