20:27 - 11 април, 2026

(Фото) Милош Биковиќ го однесе синот во Москва и покажа како уживаат, неодолива глетка

Српскиот актер Милош Биковиќ на почетокот на годината се оствари најважната улога во животот, со избраничката Ивана Малиќ доби син.

Милош и Ивана на својот син му го дадоа името Василије и секојдневно уживаат во неговото растење, а досега на своите профили на социјалните мрежи објавија неколку фотографии од нивните заеднички моменти.

Биковиќ сега на Инстаграм сподели фотографија од семејното патување и ги воодушеви своите следбеници. Имено, бидејќи поради работата често е на релација помеѓу Србија и Русија, па така неговата сопруга и синот често престојуваат со него во Москва, а сега актерот покажа како таму го поминуваат времето.


Милош и Ивана го однеле синот во природа каде уживале во нереалните глетки, но шетале и низ зоолошката градина.

Биковиќ споделил неколку неодоливи фотографии со синот додека го шетал во бебешка количка, а се фотографирал и со својата избраничка.

„Има една Москва. А покрај Москва е шума… а во шумата е СПА одморалиште. Вака започнува бајката од минатиот викенд“, напишал тој во описот на објавата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

По раѓањето на синот Василије, Биковиќ го прашаа како се чувствува во новата улога – родител.

– Па, во таа улога човек се остварува додека е жив. Се надевам дека во таа улога ќе се остварувам до крајот на животот. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега таа се сведува на плачење, и мое, и негово – раскажа актерот пред извесно време за родителството и синот.

 

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....