23:22 - 6 ноември, 2026

(Фото) Маја Шупут покажа како ужива по раскинувањето со „Господинот совршен“: „Навистина се забавувавме добро“

Хрватската пејачка Маја Шупут деновиве престојувала на Пељешац, каде што пристигнала поради настап, а слободното време го искористила за да се опушти во еден од полуксузните хотели во Оребиќ. Таа објавила серија фотографии и видеа на Инстаграм и покажала како ужива во базенот, морето и во друштвото на синот Блум.

„Само 48 часа во прекрасниот Оребиќ… Ви благодарам за секоја секунда хедонистички пристап и гостопримство“, напишала пејачката со објавата која брзо го привлекла вниманието на нејзините следбеници.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)


На фотографиите, таа позира во црн костим за капење, уживајќи во сончањето и опуштената атмосфера, а нејзините следбеници забележале дека изгледа порасположена од кога било.

Веста за раскинувањето на Маја Шупут и Шиме Елез изненади многумина, бидејќи со месеци беа познати како еден од најекспонираните парови на хрватската сцена. Пејачката неодамна потврди дека нивната врска завршила, велејќи дека „секој веќе некое време ја живее својата реалност“ и дека „секоја приказна има свој почеток и крај“.

Недолго по неа, се огласи и поранешниот „Господин совршен“.

„Маја и јас не ги споделивме нашите приватни моменти со јавноста. Раскинувањето е наша приватна работа и ќе остане така, затоа не планирам да давам понатамошни коментари на таа тема“, рекол Шиме Елез за „Нет.хр“.

Сепак, обожавателите забележиле еден детаљ – дека ниту Маја ниту Шиме сè уште не ги отстраниле заедничките фотографии од Инстаграм. Нивните профили се сè уште полни со романтични спомени од Бали, Мадрид и заеднички излегувања, што дополнително ги поттикна коментарите од следбениците.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....