15.8 C
Скопје
11:02 - 21 октомври, 2026

(Фото) Маја Николиќ стави ортпедско помагало за ногата: „Докторот дојде од Холивуд за мене“

Пејачката Маја Николиќ повеќе од два месеци минува низ процесот на опоравување откако ја скрши ногата и редовно ги известува своите обожаватели за секој чекор од лекувањето.

Маја претходно најави дека откако ќе ја извади лонгетата, ќе носи ортпедско помагало покриено со метални прачки, што го поврза со ликот на светската ѕвезда Лејди Гага.

– Ќе бидам како Лејди Гага, ќе ги издржам тие 2 килограми! Модата пред сѐ! – рече таа тогаш со насмевка.

Иако очекувањата не беа целосно исполнети, Маја сега доби специјално направена ортопедска чизма, како што тврди – направена само за неа!

Пејачката на својот Инстаграм профил објави видео од процесот на поставување на ортопедската чизма со духовит опис:

– Нова ера на имобилизација! Конечно, модел на чизма, која е во третата димензија. Се работи за „модел на Лејди Гага“, но е специјално направен за Лејди Маја! – додаде пејачката.

Во продолжение Маја откри дека за оваа прилика пристигнал и „доктор од Холивуд“:

– Докторот дојде од Холивуд да ми донесе ортпедско помагало во зелена нане боја за мене! Тој го гледаше мојот настап на ТВ и ја донесе најновата технологија на ортопедијата ‘new age’ специјално за вашата Маја! – рече Николиќ.

Маја заврши сѐ во свој стил, додавајќи:

– Лејди Гага на видеото лажира повреда, а за Маја дојде српска докторка од Холивуд. Слава на Бога! – заклучи таа.

Слични објави

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо

Хороскоп за 21 октомври: Партнерот се оддалечува од Раковите, а на Девиците им подготвува изненадување

Еспресо

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо
Се вчитува....